Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Генерирање на кислород

Кислородот се генерира во пластична пипета.

Материјали
Епрувета 12 mm x 75 mm, единечна сталка за епрувета, пластична пипета, шприц од 5 mL, медицинска игла за шприц (0,8 mm / 40 mm), изолир лента, клешти за сечење (цвицангли), ножици или скалпел и пинцета.
 
Хемикалии
4 mL 5 % H2O2, еден зрно цемент со MnO2 (50 %) (според проф. Виктор Обендрауф)

Совети за безбедност
Носете заштитни очила! Врвот од медицинската игла е остар и опасен! Мора да бидете внимателни додека ја забодувате иглата во пипетата.
Секогаш користете медицински игли со  голем дијаметар (0,8 mm -1,2 mm) со цел да се избегне случај на затнувањето кога е можна реакција на реагенсот со металот од иглата.

Постапка
• Со ножички скратете ја капиларата од пипетата до должина која одговара на висината на епруветата и по можност пипетата убаво да стои во отворот од епруветата;
• Направете отвор во главата на пипетата (Сл. 1.). Тој треба да биде доволен за да низ него внесете цврст реактант. Избегнувајте создавање  на голем отвор;
• Забодете ја иглата во главата на пипетата;
• Извадете го врвот од иглата низ направениот отвор и со клешти исечете го врвот од иглата;
• Низ отворот, вметнете зрно цемент со MnO2 во пипета и потоа, отворот затворете го со изолир лента;
• Ставете ја епруветата на сталката и во неа ставете 5 % раствор од H2O2 до 4/5 од волуменот на епруветата;
• Поврзете го шприцот со иглата која се наоѓа на пипетата;

Сл. 1. Пипета со катализаторот за генерирање на кислород

• Наполнете ја главата од пипетата со растворот од H2O2 од епруветата со виткање – навалување на пипетата заедно со шприцот. За тоа време, иглата и шприцот треба да останат поврзани со пипетата. Во друга варијанта се користи пластична славина и тогаш шприцот не мора да е поврзан со апаратурата;
• Водород пероксидот во контакт со катализаторот MnO2 ќе генерира кислород кој што ќе се собира во пипетата;
• Кога пипетата ќе се исполни со гасот, внимателно се извлекува со шприцот без да се зема од течноста. Гасот во шприцот се користи за некои хемиски експерименти.
• На крајот од експериментот се мие генераторот на водород со додавање на вода со шприц преку иглата којашто не треба да се отстранува;
• Генераторот на водород т.е. пипета со гранулите цинк може да се користи повеќе пати т.е. се додека има цинк.
• На крајот се собираат материјалите и хемикалиите и се враќаат на своето место.