Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Направете пиезо запалка

 

Пиезо елемент од запалка за цигари се користи за изработка на пиезо запалка.

Материјали
Соодветна запалка, парче дрво или иверка (5 cm х 5 cm х 2 cm), бормашина, соодветни бургии за дрво или метал, пиштол за лепење со силиконски лепак, жица со крокодилки, ножици, пинцета, скалпел.

Постапка
• Расклопете ја запалката со отстранување на металниот дел и пластичното копче.
• Извадете го пиезо елементот. .
• Направете дупки на парчето дрво или иверица за пиезо елементот и жицата..
• Жицата со крокодилките исечете ја на две на половината должина.
• Едната жица со едната крокодилка протнете ја низ отворот од парчето дрво и потоа извлечете ја со пинцета.
• Отстранете ја нејзината изолација во должина од 4 cm.
• Намоткајте ја бакарната жица околу металниот цилиндар на пиезо елементот.
• Загрејте го пиштолот за топење на силиконските прачки.
• Додајте стопен лепак на металниот цилиндар и ставете го во отворот на парчето дрво.
• Поврзете ја жицата од пиезо елементот со второто парче жица со крокодилка (Сл. 1).
• Користете силиконски лепак за да ги прицврстите жиците и нивниот контакт за дрвената површина.
• Поставете ги крокодилките на мало растојание (~ 1 mm или помалку) и притиснете го пиезо елементот со цел да го тестирате.

Пожелно е да се изврши тест и пред да се почне со лепење.

Сл. 1. Лепење на жицата за иверицата

Сл. 2. Пиезо запалки