Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Пирофорно олово

 

Овој експеримент опишува пиролиза на олово(II) тартарат и демонстрација на пирофорност. Последново се прикажува со истурање на добиеното пирофорно олово во метална тава со песок. Се набљудува спектакуларно самозапалување и горење на пирофорното олово.

Прибор
Метален статив со муфа и клема, метална тава со песок, лажички, пинцета, гасна греалка и кибрит.

Хемикалии
Олово(II) тартарат (или ако треба да се приготви, тогаш се машаат водни раствори од олово(II) нитрат со c = 0,5 mol/L и воден раствор од винска киселина или калиум натриум тартарат со c = 0,5 mol/L)

Сл. 1. Апаратура

Сл. 2. Горење на олово

Начин на работа

• Ставете неколку мали лажички олово(II) тартарат во епрувета.
• Во дигестор се поставува апаратура како што е прикажано на (Сл. 1).
• Епруветата се загрева со пламен од гасна греалка. За да се обезбеди целосна пиролиза епруветата повремено се ротира.
• Кога целата бела супстанца ќе се претвори во црна  може да се прекине со загревањето.
• По ладењето, во дигестор, истурете ја содржината на епрувета на песокот во металната тава како што е прикажано на (Сл. 2).

Резултати и дискусија

При загревање на олово(II) тартаратот доаѓа до негово разложување до елементарно олово кое е во состојба на фина дисперзија т.е. олово коешто се карактеризира со многу мал дијаметар на честичките. При долго загревање само делумно доаѓа до агрегација на честичките што значи дека некој од продуктите на пиролиза врши изолација на честичките и ги одржува одвоени. Најверојатно се работи за честички од јаглерод. Имено, она што се добива по пиролизата е најверојатно смеса од олово и јаглерод.
При истурање на содржината од епруветата и овозможување контакт со кислородот од воздухот доаѓа до спектакуларно самозапалување проследено со пламен и чад (Сл. 2).
Процесот на согорување може да се прикаже со следнава равенка


2Pb(s) + O2(g) = 2PbO(s)


Главен продукт на согорувањето е олово(II) оксид кој како еден дел се простира во чадот, а еден дел паѓа на песокот. Како што може да се види од сликата во центарот на жолтата супстанца постои и нешто црвено. Тоа е најверојано оксидот Pb3O4 познат под името миниум. Доколку постои присутен јаглерод тој најверојатно заради степенот на дисперзија целосно согорува.

Совети за безбедност
Заради создавање на продукти на распаѓањето кои непријатно мирисаат и кои можеби се опасни за здравјето, пиролизата на олово(II) тартаратот мора да се изведува во дигестор или да се обезбеди нивна елиминација.
Пирофорното олово се тек на време ја губи пирофорноста и затоа не се препорачува приготвување и чување. Имено, неопходно е негово приготвување непосредно пред демонстрацијата.
Експериментот мора да се изведува во дигестор. Продуктите од пиролиза и согорувањето на оловото не треба да се вдишуваат.