Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Направете единечна гипсна сталка за епрувета - подобрена верзија

 

Сталката се приготвува во калап изработен од стоматолошки материјал за земање на отисци од заби со лиење на гипс.

Материјали
Стоматолошки материјал за земање на отисци од заби, скалпел, една единечна гипсна сталка изработена според едноставниот начин, чаша или пластична кутија за приготвување на гипс, гипс, лажица, вода.

Постапка
• За изработката на модел се употребува единечна гипсна сталка изработена според едноставниот начин. (Видете видео).
• Таа се обликува со скалпел (Сл. 1). Полесно е ако гипсот не е исушен.
• Се подготвува стоматолошки материјал за земање на отпечаток од заби (Сл. 2) според неговите инструкции.
• Со него и моделот се изработува калап (Сл. 3).
• Кога материјалот од калапот ќе се стврдне се вади моделот.
• Се приготвува гипс со негово мешање со вода.
• Приготвенито гипс се истура во калапот и се чека да се стврдне (Сл. 4) .
• Изработената сталка се вади од калапот.
• Се остава да се исуши.
• Откако ќе се исуши сталката  можете да ја премачката со епоксидна боја за метал.

Гипсот е релативно мек и бојата ќе овозможи негова заштита.

Сл. 1. Подготвување на модел

 

Сл. 2. Стоматолошки материјал за земање на отисци од заби

 

Сл. 3. Правење калап

 

Сл. 4. Лиење гипс