Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Електрохемиска корозија на алуминиум

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Разреден раствор на жива(II) хлорид во контакт со алуминиум предизвикува релативно брза корозија на металот.

Прибор
Алуминиумско парче (3 cm х 3 cm х ~ 0,2 mm), А4 лист хартија, парче шмиргла, дрвено стапче за ражничи, пинцета.

Хемикалии
Воден раствор од жива(II) хлорид (40 mg жива(II) хлорид во 10 mL вода)

Начин на работа

  • Парчето алуминиум ставете го на хартијата.
  • Неговата површина исчистете ја со триење со шмиргла.
  • Исечете парче од стапчето за ражничи со должина од 2 до 3 cm.
  • Ова парче земете го со пинцета и едниот крај наквасете го со растворот од жива(II) хлорид.
  • Алуминиумската површина допрете ја на повеќе места со стапчето и тоа со делот натопен во растворот од жива(II) хлорид (Сл. 1.). При тоа ќе се создаваат сиви дамки на површината од алуминиумот.
  • Обратете внимание што се случува на местата каде алуминиумот беше допрен со стапчето.

 

Сл. 1. Квасење на алуминиумот со раствор од жива(II) хлорид

Сл. 2. Корозија на алуминиум

 

Резултати и дискусија
На местото каде што беше контаминирана алуминиумската површина со жива(II) хлорид може да се забележат сиви дамки. Нивното созавање се должи на реакција што може да се опише со следнава равенка во којашто се создава амалгам на алуминиумот:

3HgCl2(aq) + 2Al(s) = 3Hg(Al) + 2AlCl3(aq)

Ова легура-Hg(Al) обезбедува услови за оксидација на алуминиумот

Al(s) = Al3+ + 3e

Со тек на времето, може да се забележи појава на растење на еден вид "никулци" како печурки од површината на алуминиумот. Тие најверојатно се состојат од хидратизиран алуминиум оксид, алуминиум хлорид, алуминиум хидроксид и веројатно мала количина на жива.
Видео не е снимено во реално време туку е забрзано!

Совети за безбедност
При изведување на експериментот носете заштитни ракавици. Избегнувајте контакт со растворот од жива(II) хлорид, тој е токсичен. Доколку некој дел од кожата дојде во контакт со растворот се препорачува тоа место да се мие со многу вода.