Со триење на аладиновата волшебна светилка со рака се повикува да излезе духот од неа.
Прибор
Aладинова волшебна светилка (Сл. 1), тенка и порозна хартија, ножици, мала пластична лажица, мензура од 50 mL, заштитни ракавици (латекс).
хемикалии
Конц. хидроген пероксид (30 mL, 36 %), една мала лажица MnO2.
Начин на работа
• Со мензура измерете 30 mL водород пероксид и ставете го во волшебната светилка.
• Исечете мал дел од тенката хартија (~ 5 cm х 5 cm).
• Ставете една мала лажица MnO2 на хартијата (Сл. 2). Завиткајте ја супстанцата во хартијата и заглавете ја со капачето од светилката да виси внатре во неа.
• Со тоа аладиновата волшебна светилка е подготвена за демонстрација на експериментот.
• Потоа, побарајте внимание од присутните.
• Кажете им дека ќе го ослободите духот од волшебната светилка, а тие нека си смислат желба.
• При триењето на аладиновата волшебна светилка дискретно подигнете го капачето за да се ослободи хартијата со MnO2 и падне во водород пероксидот. Со тоа ќе стапи во контакт со него и ќе отпочне реакцијата.
• Обратете внимание на реакцијата.
• На крајот од експериментот светилката е жешка. Почекајте некое време да се излади или користете нешто за да ги заштитите вашите прсти од изгореници.
• Отпадот содржи MnO2. Тој треба да се собере со отпад што содржи тешки метали или можете да го раздвоите со филтрација, да се измие со вода, да се исуши и потоа можете повторно да го употребите.
|
Резултати и дискусија
Визуелниот ефект на изгледот на “духот” (Сл. 3) се должи на силно егзотермната реакција на каталитичкото распаѓање на водород пероксидот
2H2O2(l) → 2H2O(g) + O2(g)
кој произведува кислород и повеќе важно за ефектот: водна пара.
Катализатор за оваа реакција е MnO2.
Совети за безбедност
Избегнувајте контакт со конц. хидроген пероксид. Користете на заштитни ракавици. Тој има изразено силни оксидирачки својства и затоа прави бели дамки на кожата и облеката. Отпадот со MnO2 треба да се собира или многу подобро повторно да се употребува како што е опишано погоре. |