Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Горење на магнезиум во сув мраз

Магнезиумови струготини и магнезиумова острилка за моливи горат во шуплина на блокови од сув мраз. Горењето на магнезиумот во сув мраз е хемиска реакција што покажува дека кислород не е секогаш предуслов за оган.

Прибор
Бунзенова или слични гасна греалка, длето (или сличен алат), ракавици за заштита од изгореници, пластична лажица.

Хемикалии
Магнезиумови струготини, магнезиумова острилка за моливи, два блока сув мраз.

Начин на работа
• Ставете ги заштитните ракавици за сув мраз.
• Работете во дигестор на површина отпорна на оган.
• Користете длето за да направите шуплини (полусферни) во центарот на блоковите од сув мраз. Големината на длабнатините треба да биде најмалку 3 cm длабока и 3 cm во пречник.
• Ставете ја острилката за моливи во шуплината од блок од сув мраз и додадете (со лажица) магнезиумови струготини.
• Запалете го магнезиумот со пламен од гасната греалка и потоа покријте го со другиот блок од сув мраз.
• Ефектот на согорувањето (Сл. 1) подобро се забележува во затемнета просторија.
• Внимавајте на реакцијата и чекајте да заврши.
• По завршувањето на согорувањето, отстранете го горниот блок од сув мраз и покажете го продуктот на реакцијата. Отворете дискусија за црната супстанца.
• Блоковите од сув мраз може да се употребат повеќе пати.


Сл. 1. Горење на магнезиум во сув мраз

Сл. 2. Продукт на горењето

Резултати и дискусија

Овој експеримент, горење магнезиум во сув мраз е пример дека кислород не секогаш е предуслов за горење. Црната супстанца (Сл. 2) која е продукт на согорувањето е јаглерод:

2Mg + CO2 → 2MgO + C

Познато е дека јаглерод диоксидот се користи во некои апарати за гаснење пожар, но во случај на горење на магнезиум тие не можат да помогнат.

 

Совети за безбедност
Блоковите од сув мраз се многу ладни (температура на топење: -56,6 ° C). Заштитете ги вашите раце со ракавици. Користете заштитни очила. Работете во дигестор на површина отпорна на оган. Во текот на реакцијата можат да летаат искри од блоковите. За да се спречи тоа, важно е блоковите од сув мраз добро да ја затвораат шуплината во којашто се одвива реакцијата. Немојте да транспортирате сув мраз во патничкиот простор на возило, освен ако прозорците се отворени и не го чувајте во затворен простор (притисокот може да предизвика физичка експлозија).