Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Електролиза на вода во пластична пипета

Електролиза на водата се врши во пластична пипета. Експлозијата на грмливиот гас се активира со искра.

Прибор
Една епрувета (12 mm x 75 mm), единечна сталка за епрувета, една пластична пипета, две медицински игли, приклучни жици со крокодилки, батерија од 9 V, пиезо запалка.

Хемикалии
Заситен воден раствор од Na2SO4

Сл. 1. Апаратура за електролиза

Сл. 2. Апаратура за микроексплозија на грмливиот гас

Начин на работа
• Подгответе апаратура за електролиза според Сл. 1.
• Скратете ја капиларата на пипетата според висината на епруветата.
• Наполнете ја пипетата целосно со раствор од натриум сулфат.
• Забодете две топувчиња во пипетата или две медицински игли кои се претходно затворени со силиконски лепак (т.е. подготвени за употреба како електроди)
• Започнете со електролиза преку поврзување на електродите (иглите) со батеријата.
• Електролизата се прекинува (со прекин на струјата) кога електролитот ќе биде истиснат од главата на пипетата.
• Остатокот од електролитот треба да се отстрани со притискање на главата од пипетата кога капиларата е над течноста во епруветата.
• Ставете малку памук на отворот од епруветата (да се спречи испрскување на растворот во околината).
• Поврзете ги иглите со крокодилките од пиезо запалка.
• Поставете ги врвовите од иглите на мало растојание од 1 mm.
• Обрнете внимание на пипетата и притиснете го пиезо елементот од пиезо запалката.
• По завршување на експерименто, соберете го растворот од натриум сулфат (овој може да се филтрира и повторно да се употреби), а пипетата може да се фрли во корпа за пластичен отпад.

Резултати и дискусија
При електролизата на раствор од натриум сулфат всушност настанува електролиза на вода според следниве равенки


Анода (оксидација):                2H2O(l) = O2(g) + 4H+(l) + 4e

Катода (редукција):                 4H2O(aq) + 4e = 2H2(g) + 4OH(aq)

               6H2O(l) = 2H2(g) + O2(g) + 4H+(l) + 4OH(aq)

Совети за безбедност
Носете очила при изведувањето на експериментот. Внимавајте при работа со медицинските игли да не дојде до повреда.