|
Метална лажица која се става во жешка вода може да исчезне. Таа е направена од легура со ниска температура на топење.
Прибор
Леткум, стоматолошка смеса за земање на отпечатоци од заби, пластична лажичка, шолја за чај, кесичка чај, електричен бокал, керамичка плочка, епрувета, вага, ракавици.
Хемикалии
Вудова легура, (можете да ја приготвите со топење на смеса која соджи 10 g бизмут, 2 g кадмиум, 5,4 g олово и 2,66 g калај).
Метална лажица која се става во жешка вода може да исчезне. Таа е направена од легура со ниска температура на топење.
Прибор
Леткум, стоматолошка смеса за земање на отпечатоци од заби, пластична лажичка, шолја за чај, кесичка чај, електричен бокал, керамичка плочка, епрувета, вага, ракавици.
Хемикалии
Вудова легура, (можете да ја приготвите со топење на смеса која соджи 10 g бизмут, 2 g кадмиум, 5,4 g олово и 2,66 g калај).
Начин на работа
• Пригответе Вудова легура со топењето на смеса составена од 10 g бизмут, 2 g кадмиум, 5,4 g олово и 2,66 g калај.
• Стопената легура се истура внимателно на керамичка плочка.
• По ладењето се крши на мали парчиња.
• Пригответе доволно стоматолошка смеса за калап според упатството за нејзино спремање.
• Втиснета ја пластичната лажица во стоматолошка смеса за да се направи калап.
• Почекајте да стане цврста за време според упатствата и потоа, се отстранува на лажицата (Сл. 1).
• Поставете метални парчиња од Вудовата легура во калапот и стопете ги со загреаниот врв од леткумот.
• Ако е потребно се додава уште од Вудовата легура во калапот.
• По ладењето, се отстранува приготвената метална лажица и ако има потреба со алат за стругање се прават корекции на формата (Сл. 2). |
> |
• За демонстрирањето на волшебните својства на лажицата, се загрева вода до вриење и се става во чаша за чај со кесичка чај.
• Потоа, со лажичката измешајте го чајот.
• По извесно време, извадете ја лажица од чашата и прашајте ги присутните што се случи со лажицата.
Резултати и дискусија
Вудовата легура се состои од олово, калај, бизмут и кадмиум. Таа е исто така позната како легура на Lipowitzе, Bendalloy, Cerrobend и Pewtalloy. Оваа легура има ниска температура на топење т.е. температурата на топење изнесува ~70 ° C. Кога лажицата која е направен од оваа легура се стави во чаша со жежок чај таа се топи. За металите и легурите невообичаено е да имаат таква ниска температура на топење.
Совети за безбедно работење
Вудовата легура е токсична, бидејќи содржи олово и кадмиум. Затоа се препорачува избегнување на контакт со гола кожа за кој се смета дека е штетен. Неопходно е користење на заштитни ракавици при ракување со оваа легура. Труењето со кадмиум носи ризик од рак и оштетување на црниот дроб, бубрезите, нервниот систем, коските и респираторниот систем.
При изведување на овој експеримент треба да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне електричен шок. Електричните уреди треба да се чуваат подалеку од вода или друга течност, без разлика дали е електропроводлива. |