Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Магнетни својства на гасовит кислород

Меурче исполнето со кислород може да биде привлечено од магнетното поле на силен магнет.

Материјали
Петриев сад, силен магнет, штрафцигер, шприц.

Хемикалии
Шприц од 10 mL со кислород, 20 mL раствор за правење меурчиња.

Сл. 1. Апаратура за изведување на експериментот

Постапка
• Растворот за правење меурчиња се става во Петрив сад;
• Со користење на шприцот со кислород се прави релативно големо меурче со кислород;
• Користете силен магнет прикачен на штрафцигер за да го привлечете меурчето (Сл. 1). Обидете се да го привлечете меурчето со кислород од различни страни.