|
||||||||
Експерименти од наука за материјалите |
||||||||
Подготвена е термохромна боја со употреба на Ag2[HgI4]. Македонското знаме е нацртано на жолта хартија. Кога температурата се зголемува бојата се менува од жолта во црвена. Резултатот е драматична појава на Македонското знаме.
|
|
Парче нитинол жица со спирален облик при контакт со жешка вода ја менува својата форма. |
||||||
Со мешање на раствори кои содржат оксалатни јони и железо(II) јони се добива жолт талог. Оваа супстанца може да се искористи како прекурсор за добивање пирофорна супстанца. Последнава во контакт со кислородот од воздухот се зажарува. |
Овој експеримент опишува пиролиза на олово(II) тартарат и демонстрација на пирофорност. Последново се прикажува со истурање на добиеното пирофорно олово во метална тава со песок. Се набљудува спектакуларно самозапалување и горење на пирофорното олово. |
|||||||
Во овој експеримент е опишана директна синтеза на магнезиум силицид и негова реакција со хлороводородна киселина при којашто се добива силан, а кој во контакт со воздухот се самозапалува. |
Електрохромизмот на 3Ni(OH)2∙2H2O Тенки филмови од 3Ni(OH)2∙2H2O беа приготвени со хемиски депозиција. Тие покажуваат електрохромизам во алкален раствор проследено со промена на бојата од безбојна во темно кафена.
|
|||||||
|
Магнетни својства на гасовит кислород Меурче исполнето со кислород може да биде привлечено од магнетното поле на силен магнет. |