Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Термохромна боја

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Подготвена е термохромна боја со употреба на Ag2[HgI4]. Македонското знаме е нацртано на жолта хартија. Кога температурата се зголемува бојата се менува од жолта во црвена. Резултатот е драматична појава на Македонското знаме.

Прибор
Две чаши од 100 cm3, инка, филтерна хартија, стаклена прачка, хартија со соодветна жолта боја, четка за боење, фен за коса.


Хемикалии
Жива(II) јодид, воден раствор од калиум јодид, воден раствор од сребро нитрат, растворлив скроб, две чаши од 100 mL.

Начин на работа

Подготовка на водните раствори:
Воден раствор од KI: 7,16 g KI се раствораат во 25 mL вода
Воден раствор од AgNO3: 7,35 g AgNO3 се раствораат во 30 mL вода
Скробен “раствор” (всушност колоиден сôл): 10 g растворлив скроб се разматува во малку ладна вода и се додава во 50 mL вода загреана до вриење. Претходно измерените 10 g од HgI2 се ставаат во чаша во која претходно има додено 25 cm3 воден раствор од KI. Се меша со стаклена прачка за да се раствори HgI2. Добиениот раствор се филтрира за да се издвои нерастворениот остаток. 30 cm2 од водниот раствор од AgNO3 се додава кон филатратот во мали количества со постојано мешање. Се добива кашест продукт со жолта боја. Талогот се плакне со вода неколку пати, по што, со постојано мешање се додаваат мали порции од скробниот “раствор” со цел да се добие кашеста конзистенција. Термохромната боја што е подготвена со овој процес се нанесува на дел од жолтата хартија што ја претставува позадината на македонското знаме. На крај, хартијата треба да се пластифицира.

Сл. 1. Пред греење

Сл. 2. По греење

Приготвување на термохромна боја:
• Ставете 10 g HgI2 во чаша од 25 mL и воден раствор на KI.
• Со стаклена прачка се меша за да се забрза растворање на HgI2.
• Со филтрација се раздвојува нерастворениот дел.
• Кон филтратот, во мали количини, со постојано мешање се додава 30 mL воден раствор од AgNO3. Се добива кашав талог со жолта боја.
• Измијте го талогот внимателно неколку пати со вода.
• Потоа, при постојано мешање, додадете од  колоидно дисперзниот систем од скроб до добивање кашеста конзистенција.
• Приготвената термохромна боја употребета ја за исцртување на македонското знаме на парче жолта хартија која претставува позадина или некој друг цртеж.
• По сушење на бојата парчето хартија со цртежот се ламинира со пластична фолија (Сл .1).
• Користете фен за греење на цртежот и да демонстрирате термохромизам или можете да користите две чаши со ладна и жешка вода како што е прикажано на видео експериментот (Сл. 2).

Резултати и дискусија
Солта HgI2 е цврста супстанца со интезивно црвена боја. Равенката на реакцијата што следува кога растворот од KI се додава во HgI2 е:
2KI(aq) + HgI2(s)  =  K2[HgI4](aq).

Додавајќи раствор од AgNO3 кон филтратот од K2[HgI4] се таложи жолт талог од Ag2[HgI4](s) :

K2[HgI4](aq) +AgNO3(aq)  =  Ag2[HgI4](s).

Продукт е комплексна сол калиум тетрајодомеркурат(II).
Комплексната сол Ag2[HgI4] е термохромна супстанца која ја менува бојата од жолта во црвена на температури поголеми од 50 ºС. Кога супстанцата се лади жолтата боја се враќа. Додадениот колоидно дисперзен систем од скроб кон Ag2[HgI4] всушност служи како лепило помеѓу термохромната супстанца и хартијата на која се нанесува.
Делот од хартијата што е обоен со термохромна боја се менува од жолто во црвено кога температурата се зголемува.

Совети за безбедност
Живата и нејзините соли се силно отровни супстанци. Носењето заштитни ракавици е задолжително при работа со овие соединенија.
Доколку во училишната лабораторијата нема HgI2, таа може да се добие со соединување на Hg и I2, или со мешање на водни раствори во стехиометриски моларен однос на калиум јодид и растворлива сол што содржи жива(II) јони.