|
||||||||
Експерименти на микроскала |
||||||||
|
Контракција на волумен при мешање на две течности Познатиот експеримент за контракција на волуменот при мешање на вода и етанол е предложен во верзија на микроскала. Со примена на капилара промената на волуменот може јасно да се види, па дури и кога се користат само по 2 mL од двете течности. |
|
Во пластична пипета се генерира амонијак што се собира во мала епрувета. Епруветата се затвора со гумен затворач (низ којшто минува медицинска игла) и се потопува во вода. |
|||||
Кристализација од презаситен раствор Се приготвува пластична ампула од пипета којашто се полни со презаситен раствор од натриум ацетат. Со сечење на капилара од ампулата отпочнува егзотермен процес на кристализација следен со намалување на волуменот. |
Електрохемиска корозија на алуминиум Разреден раствор на жива(II) хлорид во контакт со алуминиум предизвикува релативно брза корозија на металот. |
|||||||
Електролиза на вода во пластична пипета
|
Определување на волуменскио удел на кислородот во воздухот Презентиран е едноставен и брз метод за определување на волуменскиот удел на кислородот во воздухот базиран на негова реакцијата со азот моноксидот.
|
|||||||
|
Водородот се генерира во пластична пипета. |
Кислородот се генерира во пластична пипета. |
||||||
Со искра од пиезо елемент се иницира реакција во грмлив гас што се наоѓа во мала ракета изработена од пластична пипета. |
||||||||